Мауро Икарди ја изневерил сопругата Ванда Нара со нејзината пријателка пишуваат таблоидите. Аргентинските медиуми веќе објавија дека се работи за Чина Суарез.
Секако ова е нова контроверза со Икарди, која не е поврзана со фудбалот. Како што е познато Ванда Нара беше сопруга на неговиот најдобар пријател и фудбалер Макси Лопез, на кого практично му ја украде. Се забавувал со неа уште додека Ванда била во брак со Лопез. Поради тоа, овие двајца повеќе не зборуваат, а кога ќе се сретнат на теренот воопшто не се поздравуваат.