Вечерва на социјалните мрежи вријат добитни ливчиња со големи коефициенти на Македонија, а убедливо најголем добитник е среќник кој успеа да фати неверојатен коефициент од 175.

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ја направи можеби најголемата сензација во историјата на квалификациските средби за Мундијалите, откако вечерва ја совлада големата Германија (2-1) и тоа среде Дуисбург.