ФУДБАЛ

ФОТО: Јувентус и Барса постигнале договор, зделката изненади многумина

Барселона и Јувентус постигнале начелен договор за трансфер на Миралем Пјаниќ. Наредната сезона тој би требало да го облече дресот на Каталонците, објави шпански „Спорт“.

Каталонските медиуми велат дека освен Пјаниќ, на „Камп Ноу“ се сели дефанзивецот Матиас Де Шчиљо, додека Нелсон Самедо ќе допатува во Торино. Како што тврдат Каталонските медиуми, Јуве на Барса ќе треба да и доплати и дополнителни 25 милиони евра.