ФУДБАЛ

ФОТО: Како изгледа Јан Облак по повеќе од 50 дена изолација?

Голманот на репрезентацијата на Словенија и Атлетико Мадрид, Јан Облак, со нетрпение чека да почне да тренира.

Неговите соиграчи од Атлетико чекаат зелено светло од шпанската фудбалска асоцијација пред да започнат со тренинзите, а Ла Лига е предвидено да продолжи во јуни.

Во меѓувреме, Облак објави фотографија на Инстаграм за да покаже како изгледа по 51 ден изолација.

Неговата брада е подолга од вообичаеното, а неговата коса порасна многу. Сепак, нема сомнение дека посетата на фризерот во наредните денови ќе ги реши сите „проблеми“.

https://www.instagram.com/p/B_pw2xhnnTP/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНО

Ла Лига