Иако сега игра за Веспрем, но сепак се чини дека Дејан Манасков за неколкуте месеци во дресот на Вецлар во текот на 2015-та година оставил голема трага. Доказ за тоа е објавата на социјалните мрежи на овој клуб во кој бара од своите фанови да го изберат најдоброто лево крило во историјата на тимот.
Секако ова е огромна чест на Манасков, да се најде во кокуренција со уште неколку легенди на клубот.
По шест сезони во дресот на Металург, каде што и ја започна кариерата Дејан Манасков во 2015-та се пресели во Вецлар. Само неколку месеци подоцна се врати во Македонија, поточно во Вардар, од каде во 2016-та прави трансфер во Рајн Некар. Од 2017-та година е во Веспрем.