Екипата на Кјелце доцни со распоредот за патувањето во Скопје. По три часа чекање се качиле во авион, кој прво ќе лета за Виена, а потоа за Скопје.
Како што велат од клубот, доцнат со целиот распоред за патувањето, па можно е без тренинг да настапат на утрешниот меч против Вардар.
Дуелот ќе се одигра во салата „Јане Сандански“ утре (9 ноември) со почеток во 17:30 часот.