Целиот свет се простува од кошаркарската легенда Коби Брајант кој трагично загина во хеликоптерска несреќа во неделата. Трагедијата да биде уште поголема со него била и 13 годишната ќерка. Заедно со нив патувале уште шест други лица, а со пилотот бројот на жртвите е девет.
На социјалните мрежи, Фејсбук и Твитер се споделува и фотографија на која се гледа Коби Брајант фотографиран со македонско знаме во далечната 1998-ма година заедно со македонскиот „Street basket” тим.
Како што се тврди, фотографијата е направена во Парис во 1998-ма година за време на Street Ball турнирот. Освен Коби Брајант на фотографијата е уште една голема НБА ѕвезда Трејси Мекгрејди.