Русија ги започна квалификациите за СП со победа од 3:1 во Малта.
Еден од трите руски гола на овој натпревар го постигна Марио Фернандес, а Бразилецот со руски пасош го заврши мечот со крвави нозе.
После натпреварот го покажа крвавото колено и изгледа навистина ужасно.
https://twitter.com/TeamRussia/status/1374843372389728257
За одличниот дефанзивец ова беше 26. настап за селекцијата на Русија, чиј член е од 2017 година, и вкупно четврти погодок.
Неговиот борбен дух е вистински пример за тоа како тој не се штеди за репрезентацијата на теренот, иако е роден во Бразил, тој веќе долго време ја смета Русија за своја татковина.