Веднаш штом американските медиуми објавија дека нов претседател на САД ќе биде Џо Бајден, Леброн жестоко го исмејал Доналд Трамп.
Доналд Трамп ги загуби претседателските избори во САД, а нов претседател на најмоќната држава во светот ќе биде Џо Бајден. Голем број од најголемите ѕвезди од уметноста и спортот во САД отворено беа против Доналд Трамп, а најгласен меѓу нив беше најдобриот кошаркар на денешницата Леброн Џејмс.Кошаркарот објави фотографија на Инстаграм која зборува повеќе од илјада зборови.
LUUUOOOOOOOOZZZZZEEEEERRRRR BIG MOOD @JimCarrey
— LeBron James (@KingJames) November 8, 2020
Монтажата на која Бајден, како Леброн, му „лепи банана“ на Трамп, стана вирален хит. Неговата објава предизвика бурни реакции на социјалните мрежи за кратко време, а за помалку од половина ден, повеќе од пет милиони луѓе ја лајкнале.
