Со денешната победа против Брајтон, Ливерпул стигна до 31 меч без пораз. Со тоа тимот на Јурген Клоп го израмни учинокот на Ливерпул предводен од Кени Далглиш во сезоната 1987/88.
Клоп серијата со своите фудбалери ја направи од јануари до ноември оваа година, додека Далглиш од мај 1987 до март 1988 година.