Она што беше најавено во изминатите денови, денес го доби својот епилог. Такуми Минамино е новиот играч на Ливерпул!
Леверпул преку официјалната веб-страница потврди дека Такуми Минамино е нов член на тимот од „Енфилд“.
„Ми беше сон да станам играч на Ливерпул. Навистина сум возбуден што се оствари тој момент. Играњето во Премиер Лигата беше една од моите цели. Мислам дека ова е најдобрата лига на светот каде можам да напредувам уште повеќе, едвај чекам деби.“ изјави Јапонецот
Трошокот за трансфер беше само 7,25 милиони фунти и тој треба да се приклучи на тимот на првиот ден од 2020 година. Изминативе пет години, јапонскиот фудбалер играше за австрискиот шампион и постигна 189 гола на 189 натпревари.
Договорот е потпишан четири и пол години.
🔴🔴🔴 @takumina0116 🔴🔴🔴 pic.twitter.com/PDlrYPpNLQ
— Liverpool FC (@LFC) December 19, 2019