Ромелу Лукаку игра во Интер како препороден од доаѓањето од Манчестер Јунајтед. Руши клупски рекорди, прв стрелец во тимот е и секако дека станува омилен кај навивачите. Не само поради игрите на зелениот терен, туку и со однесувањето надвор од него. Секоја можност ја искористува да ја покаже љубовта кон клубот.
Тоа го направи и со најновата фотографија. За да се пофали за својата нова „играчка“ на четири тркала, тој го избра паркингот пред култниот стадион „Џузепе Меаца“. Лукаку ќе вози „Масерати“.