Вечерва репрезентацијата на Македонија ќе игра во своите црвени дресови, Ерменија во бела комбинација.
Ова ќе биде прв натпревар на клупата за Благоја Милевски, но и прв без капитенот Горан Пандев. Милевски така без Пандев во тимот и со неколку новитети ќе се обиде да го продолжи циклусот во добра насока со каква што започнавме.
Натпреварот започнува во 20:45 часот и ќе биде прва шанса за успех на македонските фудбалери, по настапот на Европското првенство ова лето.