Познати се противниците на македонската женска ракометна репрезентација за натпреварите од квалификациите за пласман на СП во 2021. Жрепката одлучи Македонија преку Грција, Исланд и Литванија да се бори за пласман на Мундијалиот. Најдобрите две селекции од секоја група ќе се пласираат во бараж, а таму ќе играат меѓусебни мечеви за пласман на СП.
Светското првенство треба да се одигра во Шпанија од 1-ви до 19 декември 2021 година.