Угледниот француски весник „Л’Екип“ објави дека Лионел Меси веќе пристигнал во Париз. Следуваат медицински прегледи, па официјализирање на договорот, кој треба да биде до 2023-та година. Кога ќе се официјализира потписот на Меси, ПСЖ навистина ќе добие дрим-тим, ако се знае дека претходно потпишаа со Донарума (Милан), Хакими (Интер), Рамос (Реал Мадрид), Вајналдум (Ливерпул), а таму се Нејмар, Мбапе, Верати, Маркињос, Ди Марија. Доколку нема заминувања, сигурно дека ПСЖ ќе го има најсилниот состав во моментов.