ФУДБАЛ

ФОТО: Меси имаше прилично остар настап со судијата во тунелот

Лионел Меси беше многу фрустриран откако судијата Карлос дел Серо Гранде го исклучи Климент Ленглет на мечот против Селта Виго.

Тоа се случи на крајот од првиот дел. Ланглет го удри противничкиот фудбалер со лактот, а судијата немаше дилеми и реши да му го покаже на дефанзивецот на каталонскиот клуб патот до соблекувалната.

Немаше промена во одлуката, но овој потег на судијата го разбесни Лионел Меси. Sвездата на Барселона во тунелот реши да му се спротивстави на судијата поради оваа одлука.

Тој му покажа на Меси што навистина се случи. Ја зеде судиската рака за да го покаже тоа, а на Дел Серо Гранде не му се допадна и го предупреди Меси да не го прави тоа.

На крајот Лео успеа да се смири, но неговата должност како капитен е да се жали на вакви работи, и тоа го направи.