Герет Бејл во моментов се подготвува со репрезентацијата на Велс пред натпреварите од Лигата на нации.
Патот во новото издание на Лигата на нации Велс ќе го започне утре против Финска, а потоа во недела ќе се сретне со Бугарија.
Секако, најголема надеж на овој тим е Бејл, кој не играше во последно време. Бејл не играше скоро половина година бидејќи Зинедин Зидан повеќе не смета на него во Реал Мадрид.
Бејл се врати во центарот на вниманието поради фотографиите од тренинг на Велс кога сите беа шокирани кога видоа колку му е долга косата. Имаше подолга коса неколку години, но секогаш ја врзува во реп и не покажа колку порасна.

