Првите фотографии од домашните дресови на Борусија Дортмунд за следните сезони започнаа да кружат на Интернет.
Како што се очекуваше, во дресовите доминираат црната и жолтата боја, додека просторот за логото на спонзорството е сè уште празен, со оглед на тоа дека клубот од Дортмунд го менува главниот спонзор.
Така, Евоник ќе биде спонзор во ДФБ Купот, Лигата на шампионите и меѓународната пријателска, додека за време на натпреварите во Бундес лигата, на градите ќе има лого од „1 & 1“ компанија.
Друга новина е дизајнот на црните шари на маичката, кои се инспирирани од подземната станица која се наоѓа во близина на стадионот „Сигнал Идуна Парк“.

Пума се определи за класичен дизајн на шорцеви и чорапи кои ќе бидат црни, односно жолти. Дресовите ќе излезат во продажба на 1 јули, кога ќе стапи на сила договорот со компанијата „1 & 1“.