Првиот потпис за некој клуб на Лионел Меси се продава на аукција. Почетната цена бепше 10.000 долари, но за само неколку часа порасна на 36 илјади и секако таа се очекува да расте бидејќи аукцијата ќе трае уште десетина дена. Првиот потпис, односно регистрацијата на Меси во Олд Њу Бојс, Аргентина, ја продава компанијата Goldin Auctions, а легитимацијата е од 1995 година.