Манчестер Јунајтед, барем засега, ја игра најлошата сезона во последните 30 години. Со ремито со Арсенал во минатото коло клубот забележа најлош старт во Премиер лигата од сезоната 1989/90 која ја завршија на крајот на 13 место.
Слабите резултати продолжија и во Европа лигата, по ремито на гостувањето кај Аз Алкмар, па „Црвените ѓаволи“ стигнаа до 10-тиот послецователен меч на гостински терен без победа. Последен пат на гостински терен Јунајтед триумфираше против ПСЖ со 3:1, минатата сезона во реваншот од 1/8 финалето од ЛШ.