ФУДБАЛ

ФОТО: Навивачите ја понижија младата ѕвезда и му порачаа да се губи од Милан

По катастрофалната грешка на Донарума во неделата, кога во 92. минута, прими гол и Аталанта го изедначи резултатот на 1:1, навивачите одбија да го прима дресот на Донарума.

По натпреварот неколку фудбалери на Милан отидоа до гостинската трибина и на навивачите и ги подарија дресовите. Тоа сакаше да го стори и Донарума, но кога стигна пред нив тие непријатно го пречекаа и му кажаа дека никој не го сака неговиот дрес, дека слободно може да го задржи за себе и да се губи од Милан.

https://instagram.com/p/Biu7WVhH0Kd/?utm_source=ig_embed

На натпреварот навивачите поставија и огромен транспарент со порака за Донарума.

„Морално насилство, шест милиони по сезона и вработување на братот паразит – сега губи се бидејќи трпението ни е при крај“ пишуваше на транспарентот.