Еден од најпознатите центри во НБА лигата, Андре Драмонд доживеа необичен проблем. Окото му беше потечено поради алергиска реакција од авокадо.
Поради тоа, пред мечот помеѓу неговиот тим Детроит и Далас се појави на теренот со очила за сонце, а неговиот настап беше неизвесен Сепак, на крајот успеа да истрча на теренот и да забележи 23 поени и 15 скокови.

Но, не е познато каде и кога јадел авокадо, кога во текот на сезоната и натпреварите кошаркарите се под строг режим на исхрана.