Навивачите на Шкупи покажаа уште еднаш дека се голема поддршка на својот тим. Во моментов поради коронавирусот има забрана за присуство на публика на стадионите, како во целиот свет, така и кај нас, но сепак фудбалерите на тимот од Чаир не останаа без поддршка.

Качени на околните згради и покриви, навивачката група „Шверцери“ им даде поддршка на играчите. Секако тие возвратија на најдобар можен начин со победа од 3:1 против Македонија ЃП.

Со четири бодови по две кола Шкупи е на второто место, а прв е Силекс. Македонија ЃП е на осмото место со учинок една победа и еден пораз во првите две кола од новата сезона.
ФОТО ФК ШКУПИ