Голем број на фудбалери имаат по неколку автомобили во својата гаража. Сите се скапи играчи. Живеат во голем луксуз, а речиси секој ден на тренинзите и мечевите доаѓаат со различни автомобили.
Но, има и такви кои живеат скромно, на кои не им е гајле што мислат другите и какви возила имаат нивните клупски колеги.
Еден од нив е Нголо Канте, фудбалер на Челзи. Верувале или не, тој го вози истиот „Мини купер“ откако пристигна во Премиер лигата, а тоа е 2015-та година, кога од Ница се пресели во Лестер. Тој една сезона играше за Лестер и таа сезона стана шампион на Англија, а потоа се пресели во Челзи.

Неколку месеци по пристигнувањето во Лестер го купи „Мини куперот“, нов, од салон, тогаш за 20 илјади фунти. Сега, не вреди ниту половина. И денеска го вози истиот автомобил, иако е малку оштетен. Но, кога новинарите ќе го прашаат зошто не вози поскап, побрз, поубав автомобил, Канте има едноставен одговор:
-Никогаш не сум бил љубител на автомобили!