Иако немаше добар почеток откако седна на клупата на Челзи, сепак легендарниот фудбалер Френк Лампард успеа да внесе победнички менталитет во тимот и да почне да победува. Од поразот од Ливерпул од 2:1 во септември, Челзи врза шест победи во Премиер лигата, па се искачи на третото место со 26 бодови, осум помалку од лидерот Ливерпул.
Но, медиумите ја открија причината за добрите резултати. Тоа е дисциплината. Лампард воведе правилник, а секое непочитување ќе значи парична казна.
На пример, доколку еден фудбалер задоцни на тренинг, ќе мора да плати казна од 20 илјади фунти.
