Јувентус следната сезона ќе има нов дрес, но на многу навивачи не му се допаѓа.
На новиот дрес на Јувентус се отстранети линиите и ќе биде пола-пола, од едната страна бела, од другата црна боја, а во средината ќе има розова лента која ќе потсеќа на деведесеттите години, кога оваа боја прв пат е воведена во опремата за Јувентус.
Како што обично се случува, некои се ентузијасти, на некои им е лош дизајнот и чувствуваат дека еден клуб како што е Јуве мора има поубави дресови.
Јувентус во изминатите години работи на подобрување на имиџот и мора да се признае дека им оди добро, без разлика што нивните идеи на почетокот се критикувани.
Истото се случи и со менувањето на грбот, но сега кога луѓето се навикнати на него, сметаат дека е поубав од оној легендарниот кој ја одбележаа историјата на „старата дама“.
