Фудбалскиот сојуз на Нигерија ги претстави новите дресови со кои ќе играат нивните репрезентативци во иднина.
Нигеријците беа хит во 2018-та година на СП во Русија кога играа во ретко видена „цик-цак“ комбинација која ја направи „Најк“. Оваа компанија сега отиде чекор подалеку и направи уште поатрактивни и поеобични дресови.
Се уште не е почната официјалната продажба, а веќе биле примени неверојатни три милиони нарачки.
