Во текот на денот фудбалерите на Манчестер Јунајтед мораа да внимаваат на патот кон нивниот центар за тренинзи во Карингтон, за да не ги „искршат“ своите скапи автомобили. Голема дупка на асфалтот полна со вода се отвори пред портите на тренинг центарот.
Клубот ангажираше и обезбедување кое им помагаше на фудбалерите и сигнализираше да ја заобиколат дупката.



