Македонската фудбалска репрезентација во 15 часот го игра мечот против Естонија во рамките од втората сезона од Лигата на нации. На интернет страницата на УЕФА за Лига на нации објавен е почетниот состав на нашата селекција, но се уште го нема составот на Естонија.
Има големи промени во однос на мечот со Грузија и историската победа од 1:0. Како што е познато Горан Пандев се врати во Италија, Аријан Адеми нема да игра поради повреда, па така нападот ќе го сочинуваат Несторовски, а како крила Трајковски и Тричковски. Веднаш зад нив ќе биде Елиф Елмас. Николов и Спировски како последни играчи за врска, додека во одбраната се Бејтулаи, Велковски, Муслиу и Ристовски. На голот ќе биде Шишковски.
