Се чини дека нема да има ништо од спектакуларни засилувања, барем не засега, бидејќи Интер во моментов нема пари за „фрлање“. Купувањето ќе зависи од продажбите. Ангажирани се досега Коларов, Хакими, а на пат е Артуро Видал. Наинголан и Перишиќ се враќаат од позајмиците од Каљари или Баерн Минхен.
Но, Конте добива солиден тим, со оние играчи кои ги имаше досега. Единствено не е ангажиран трет напаѓач, а се спомнуваа Џеко, Жиру и уште некои други.
Ова е тимот на Конте, според медиумите за следната сезона:
Хандановиќ, Шкриниар, Де Врај, Бастони, Коларов, Хакими, Барела, Видал, Ериксен, Лаутаро Мартинез, Лукаку.
