ЖФК Љуботен во јануари најавува уште едно засилување. Станува збор за нова Бразилка, или втора по ред. Се работи за Таила Гомерс Фариас. Претходно е договорена Роналдиња. На 11 декември од овој клуб објавија дека како најново засилување во клубот доаѓа Ана Бетриз Тарантино Гуилермо Салино или со прекар Роналдиња. Таила Гомерс Фариас и Роналдиња треба да дојдат во Тетово на 21 јануари.
Се работи за поранешна фудбалерка на Васко де Гама, доскорашна членка на Ботафого и поранешна репрезентативка за играчи до 17 години на Бразил.