Барселона би можела да остане без Лионел Меси.
Легендарниот фудбалер вчера побара да го напушти клубот и тоа го стори преку бурофакс.
Аргентинските медиуми објавија и слика на бурофаксот во кој Лео побара да замине.
Еве како изгледа тој:

„Со ова писмо, јас, Лионел Андрес Меси Цуцитини, се согласувам да го раскинеме договорот што моментално ме обврзува за вашиот клуб, што е утврдено во клаузулата 24.
Јас ги ценам сите можности за моето напредување и професионалната подготовка што клубот ми ја обезбеди додека бев во него. Научив како да го користам мојот технички и човечки профил во потполност, но некои од моите лични причини ја донесоа оваа тешка одлука што се надевам дека администрацијата ќе ја добие на најдобар начин“.