ФОТО: Последен пат пред 11 години со Пандев ја освои титулата, сега стигна честитката за Интер

Written by

in

Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев ја честиташе шампионската титула на Интер. „Нероаѕурите“ викендов славеа со 2:0 против Кротоне, а Аталанта одигра 1:1 со Сасуоло што беше доволно на четири кола до крајот Интер да биде прогласен за шампион.

По тој повод Горан Пандев преку социјалните мрежи постираше фотографија на која напиша комплименти за Интер. За потсетување последната титула Интер ја освои пред 11 години, токму со Пандев во составот.