Група од дваесетина мажи, со капи на главата во вторникот вечерта ја нападнаа куќата на Ед Вудворд, оперативец на Манчестер Јунајтед. Се претпоставува дека станува збор за навивачи на Јунајтед, а една од пораките била „Подготви се ќе умреш“.
Денеска неговиот дом и двор е полн со полицајци, односно крим техника. Нема поголеми поштетувања, само мала материјална штета. Во моментот на нападот директорот Вудворд и неговото семејство не биле дома.
Полицијата го истражува случајот и трага по сторителите.




