Фудбалерот на шведски Малме, Ердал Ракип за прв пат ќе го носи дресот на Македонија. Тој доби повик од селекторот Благоја Милевски, а се појави и на собирот за натпреварите против Лихтенштајн и Германија, во рамките на квалификациите за пласман на СП во Катар. Тој игра во средниот ред, роден е во Малме, а неговите потекнуваат од Македонија. Има 25 години, потекнува од школата на Малме, беше на позајмица во Бенфика, па Кристал Палас, но сепак не се снајде и се врати онаму каде што игра најдобро, дома во Малме.

Полека нашата репрезентација се собира, како што е познато отпадна Енис Барди поради повреда, а на негово место нема да биде повикан нов фудбалер.
Македонија во петок гостува кај Лихтејнштајн а во понеделник ја дочекува Германија во мундијалските квалификации.