ФУДБАЛ

ФОТО: Продолжуваат грешките на ВАР

ВАР технологијата повторно предизвика многу полемики во Англија.

На Бурнемут му беше досуден пенал на отворањето на второто полувреме, откако, според мислењето на судијата Мајк Дин, Ери Бели играше со својата рака.

По прегледувањето на снимките од ВАР, беше решено да му се досуди пенал на Бурнемаут.

Апсолутна неверба владееше на лицата на играчите на Јунајтед, а навивачите на социјалните медиуми се бесни.