ФУДБАЛ

ФОТО: Реакцијата на Роберто Манчини по поразот од Македонија го обиколи светот!

Сензација на сите сензации во баражот за Мундијалот во Катар.

Храбра, херојска, Македонија ја исфрли Италија.

Македонија славеше со голот на Трајковски во 92. минута со 0:1 и го закажаа финалето со Португалија.

Италија вторпат по ред ќе остане без пласман на Мундијалот.

Ова е голем, огромен удар за „аѕурите“, а многу говори и реакцијата на Роберт Манчини по голот на Трајковски.

Шокираното лице на италијанскиот стручњак кој го претрпе најтешкиот тренерски удар доволно ги опишува вечерашните случувања во Палермо.

Италија остана без Катар!