ФУДБАЛ

ФОТО: Реал Мадрид ги претстави новите дресови

Реал Мадрид го претстави новиот дрес кој ќе го користат следната сезона.

Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ се погрижи дресот на Кралскиот клуб да изгледа навистина фантастично.

Дизајнот го покажува единството на клубот и навивачите, а видливи се и одредени промени во споредба со минатата сезона.

Традиционалната бела боја овој пат е проследена со сина и портокалова боја, кои се комбинираат на деловите од дресот околу вратот и ракавите.

Логото е исто така портокалово и веројатно навивачите на Кралевите ќе бидат многу задоволни со новиот дрес.