Македонските репрезентативци почнаа да се собираат за двата клучни меча за пласман на СП во Катар следната година. Како што е познато, Адис Јаховиќ и Ердал Ракип поради повреда нема да се стават на располагање на тимот за подготовките и натпреварите на македонската А репрезентација против Ерменија (11. ноември) и Исланд (14. ноември) од квалификациите за Светското првенство 2022. Енур Тотре од Тирана и напаѓачот на Ботев Враца, Доријан Бабунски ќе бидат во националниот тим на местото од повредените Ракип и Јаховиќ.
Денеска во 12:00 часот во хотел „Хилтон“, националниот тим го има првиот собир спроти последните два меча од мундијалските квалификации. Првиот тренинг е денеска од 17:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.