Мохамед Салах од Ливерпул доби статуа од египетскиот скулптор Мај Абдел, но работите тргнаа наопаку.
Статуата требаше да покаже дека Салах се радува, но навистина е тешко да се најде каква е сличност со египетскиот фудбалер, кој веројатно е најголемата ѕвезда во неговата земја.
Во минатото, видовме доволно статуи кои не личат на луѓето на кои се посветени, па така, на сличен начин „настрадаа“ Кристијано Роналдо, Марадона и многу други.
