Египетскиот фудбалер Мохамед Салах очигледно се умори од барањето слики и автограми на улица и одлучи да започне да се маскира.
Ако живеете во Ливерпул и се надевате дека овие денови некаде на улица ќе го сретнете Салах мора да бидат свесни дека тоа ќе биде многу тешка мисија, бидејќи ѕвездата почна да се маскира.
Тој на Инстаграм објави фотографија со фантомка на главата, а со тоа покажа дека почна да се маскира, бидејќи очигледно нема мир од фановите.
„Патување инкогнито“, напишал Салах во описот на фотографијата што може да се види подолу од текстот.
https://www.instagram.com/p/BqFQTlRDaTt/?utm_source=ig_embed