Сезоната во Англија заврши минатиот викенд и фудбалерите конечно добија шанса за заслужен одмор.
Многу играчи ја искористија можноста да патуваат во некои егзотични дестинации, но Мохамед Салах пред да го стори тоа, реши малку да го смени изгледот.
Имено, Египќанецот посетил фризер и решил малку да ја промени својата карактеристична фризура.
Салах не ја намали косата драстично, но новиот изглед сигурно ги изненади многумина. Но, мора да се признае дека ова „освежување“ му одговара многу добро.
