ФУДБАЛ

ФОТО: Се врати поради Европско, но Ибрахимовиќ и официјално нема да игра

Она што се наговестуваше, стана официјално. Златан Ибрахимовиќ нема да игра на претстојното Европско првенство. Иако по пауза од неколку години повторно се врати во националниот дрес, токму поради ЕП, сепак нема да настапи на него поради повреда. Прво, во текот на денот од Милан стигна информација дека Ибра нема да игра до крајот на сезоната, а нешто подоцна и селекторот на Шведска потврди дека напаѓачот нема да настапи на ЕП.