ФУДБАЛ

ФОТО: Што правеа играчите на Ливерпул во авионот со трофејот

Фудбалерите на Ливерпул синоќа потполно заслужено дојдоа до трофејот во Лигата на шампионите.

Тимот на Јирген Клоп го совлада Тотенхем во финалето со 2:0 и така после 14 години повторно се искачи на врвот на Европа.

Ливерпул покажа одлична игра низ целата сезона во Премиер Лигата, а на крајот во Англија останаа без трофеј поради еден бод помалку од Манчестер Јунајтед.

Сепак, „Редсите“ успеаа да слават во финалето од Лигата на шампионите и така му донесоа голема радост на своите навивачи.

Ливерпул веќе се врати во Англија, но додека летаа до Англија навистина интересно беше во авионот каде некои играчи на интересен начин го искористиа трофејот од Лигата на шампионите, па некои спиеа со него, некои зборуваа, а на некој му послужи како место каде може да ги одмори нозете.

https://twitter.com/castleofthekop/status/1135188344248393728

https://www.instagram.com/p/ByM-MTmA1DW/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНО

Премиер Лига