Карлес Пујол (41) ги изненади сите со својата фотографија на која се гледа облеана во крв неговата нога.
Легендарниот играч на Барселона се повреди играјќи „padle tenis“ кој е еден од омилените спортови на некогаш одличниот дефанзивец.
Играјќи ја играта која е популарна во Шпанија Пујол скрши стакло и ги раскрвари раката и ногата, меѓутоа тоа очигледно не му падна тешко.
Со насмевка на лицето и крвавата маица во раце бившиот шпански репрезентативец објави фотографија на Инстаграм со натпис: Дали некогаш ке научам да дозирам?
Пујол е познат како фудбалер кој на теренот бил навистина пожртвуван и секогаш го даваше својот максимум, а очигледно својот карактер не го менува ни кога игра рекреативно.
Инаку, за помалку од 24 часа фотографијата собра преку 700.000 лајкови.
https://www.instagram.com/p/B00lUCfHbr1/?utm_source=ig_embed