Новак Ѓоковиќ со денови трпи негативни критики од сите страни поради организацијата на турнирот „Адриа Тоур“. Прво се одржа во Белград, а потоа почна во Задар, но беше откажан откако е откриено дека бугарскиот тенисер Григор Димитров е позитивен на Ковид-19. Веднаш потоа беа тестирани и други учесници, а позитивни тестови добија уште еден тенисер и двајца тренери.

По враќањето во Белград се тестираше и Новаќ Ѓоковиќ, тој и неговата сопруга се позитивни, а децата негативни.
Во Сплит утрово осамна морбитен графит на кој непознатиот автор му посакува смрт на Ѓоковиќ. Ситуацијата навистина отиде предалеку.