Вечерва на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје Македонија ја пречекува селекцијата на Косово во рамките од плејофот од Лигата на нации. Ова е натпревар од голема важност за двете селекции, но поради пандемијата навивачи на трибините ќе нема.
Македонија ќе настапи без Елиф Елмас, најдобар стрелец во мечевите од Лигата на нации. Тој беше позитивен на Ковид 19 и поради тоа е во самоизолација. Но и Косово ќе игра без најдобрите, Ведат Муриќи и Малиот Рашица. Мечот започнува во 20:45 часот.

Со срце за Македонија.