Како што се чини, тренерот Марсело Биелса не смета повеќе сериозно на нашиот Џани Алиоски. Претходно во денот медиумите објавија дека тој порачал на агентот да му најде нов клуб и дека сака да замине од Лидс, иако во декември велеше дека нема намера да заминува. Сепак со оглед на тоа дека веројатно завршила „љубовта“ со тренерот Биелса, а доказ за тоа е и денешниот состав за пресметката со Астон Вила каде Алиоски го нема во првиот состав, најверојатно репрезентативецот на Македонија од идната сезона ќе игра во друг клуб.
? One change to the #LUFC side which defeated Southampton, Costa in for Harrison
— Leeds United (@LUFC) February 27, 2021