Капитенот на РК Вардар Столе Стоилов имаше успешна операција на носот. Операциониот зафат беше извршен во болницата „Аџибадем Систина“. Тој имал проблеми со носот поради што му се нарушувало дишењето, а што влијаело на физичката кондиција.
-Воопшто не се двоумев каде да побарам стручна помош, знам дека тука здравјето го препуштам во најдобри раце. Д-р Лазаревски е исклучителен професионалец, се чувствувам одлично по интервенцијата. Затнатиот нос и проблемот со дишењето што го имам веќе подолго време беа навистина голема пречка за мене како спортист и среќен сум што го надминав и овој проблем. Во услови на пандемија на коронавирусот се чувствував 100% безбеден, бидејќи тука се почитуваат сите правила за заштита како пациент, вели Стоилов.