Фудбалерите на Академија Пандев се тестирани на коронавирус. Продолжението на сезоната полека се наближува, па поради тоа за приклучок на тренинзите сите членови на стручниот штаб и фудбалерите ќе мора да имаат негативни тестови.
-Протоколот даден од ФФМ се почитува, сите се свесни за сериозноста и максимално се почитуваат мерките. Тренинзите во помали групи започнуваат од денес, велат од Академија Пандев.